Ново пукање на границата на Ерменија и Азербејџан, најмалку тројца војници се ранети

Од:

Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за размена на оган во граничната област во четвртокот, во која беа ранети најмалку тројца војници, јави руската новинска агенција ТАСС.

Ерменското Министерство за одбрана во четвртокот објави дека азербејџанските војници со артилерија и минофрлачи ги гранатирале позициите на нивните сили во пограничниот регион Гегаркуник, при што биле повредени двајца војници.

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека нивните позиции претходно биле нападнати, при што бил ранет еден војник.

Двете земји преговараат за мировен договор за ставање крај на конфликтот околу Нагорно-Карабах, регион признат како дел од Азербејџан, но населен претежно со Ерменци и за кој често избувнуваат борби.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511