Ивчева: ОМ се гасне и преминува во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Триесетина членови на Обединети за Македонија објавија дека преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, а причината за тоа како што изнесоа на прес конференцијата е што не прифаќаат коалицирање со Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

На пресот говореше Наталија Ивчева за која од ОМ велат дека е разрешена од претседателството на ОМ пред два месеци.

Според Ивчева партијата ОМ се гасне и не постои повеќе, иако призна дека печатот на партијата е кај актуелното претседателство.

ОМ: Партијата ја основа Љубе Бошкоски, никој не може да ја згасне

Од Обединети за Македонија преминувањето и гаснењето на партијата го нарекоа смешна театарска претстава. Тие посочија дека огромен број од членството останува зад лидерот Љубе Бошкоски а денешното преминување според нив е само профит и добра зделка на маргинални членови на партијата и луѓе кои се разрешени од функциите.

Според нив, голем дел од општинските раководства што денеска преминуваат се сменети уште во март, а печатите на општинските на ОМ ги задржале бесправно, за што партијата ги објавила како неважечки.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито