Во близина на Неготино: Уапсен шверцер на мигранти

Од:

Полицијата вчера кај Железничката станица во Неготино, го уапси А.Г.(39) од Богданци.

При преглед во возило „ауди“, кое го управувал А.Г. се пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.

Претходно, тој бил забележан на регионален пат Демир Капија-Неготино, кај селото Тремник, но не застанал со возилото на даден знак од полициски службеник и се обидел да побегне, но набргу фил фатен и лишен од слобода.

А.Г. бил задржан во полициска станица, возилото е одземено, а мигрантите биле сместени во Прифатниот центар во гевгелија.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод