(ВИДЕО) Руски амбасадор сакаше да положи венец, Полјаци го запреа и го навредуваа

Од:

Проукраински активисти го спречија рускиот амбасадор во Полска да положи венец пред мавзолејот на советските војници во Варшава, додека Русија ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, пренесе агенцијата Франс прес.

Десетици активисти поставија уметничка инсталација пред мавзолејот составена од стотици украински знамиња и крстови во спомен на Украинците убиени во руската инвазија.

Инсталацијата вклучуваше и неколку модели на станбени згради уништени во руското гранатирање на украинските градови. Амбасадорот Сергеј Андрејев, кој се обиде да положи венец на мавзолејот, не можеше да се пробие и на крајот положи венец пред инсталацијата.

„Како што можете да видите, повторно сме соочени со нарушување на редот. За жал, ова е втор пат да не положиме венец на споменикот на советските војници кои загинаа овде борејќи се против фашизмот“, се пожали Андреев.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Инцидент во Кочани: Насилник со нож ранил малолетник

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ