(ВИДЕО) Ковачки: Државата со оваа власт го губи достоинството, го губи идентитетот, ја губи економската стабилност

Од:

„И денеска сме во општина Македонска Каменица во посета на населените места Цера и Косевица, овде сме така речено како во Швајцарија. Меѓутоа општо заклучокот кај граѓаните е дека постои голема разочараност од власта на ДУИ и нивните слуги од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки од средбата со граѓаните при теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена како „Ова е Македонија за сите“.

Ковачки додаде дека криминалците од власта граѓаните ги доведе до беда и сиромаштија.

„Парите ја изгубија својата вредност, а задолжувањето на Македонија и на македонските граѓани е највисоко во историјата. тие пари ќе треба да ги враќаат идните генерации, односно идните Македонци, Албанци, Турци, Роми, итн. Се додека е оваа структура на власт од ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз Македонија ќе тоне и ќе губи“, заклучи Ковачки.

Тој посочи дека Македонија со оваа власт ќе го губи достоинството, ќе го губи идентитетот, ќе ја губи економската стабилност, и ќе го губи просперитетот односно ќе го губи и народот.

„Токму затоа на Македонија и се потребни промени, да дојдат лица кои што имаат визија, кои што имаат капацитет и одлучност да се справат со овие криминалци, овие неранимајковци на власт и да ги пратат на обвинителни клупи, а Македонија да ја одведат таму каде што заслужува, а тоа е во ЕУ“, порача Ковачки.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите