Лондон: Полицијата уапси 52 лица за време на крунисувањето на кралот Чарлс

Од:

Лондонската Метрополитен полиција соопшти дека денеска уапсила 52 лица за време на церемонијата на крунисување на кралот Чарлс Трети. Според соопштението, тие се приведени за повеќе кривични дела, меѓу кои поттикнување конфликт и нарушување на јавниот ред и мир и се задржани во притвор, јавува Би-би-си.

Демонстрантите и групите за човекови права ја критикуваа полицијата за апсењето на демонстрантите против монархијата, а Human Rights Watch го опишува апсењето како „нешто што би очекувале да го видите во Москва, а не во Лондон“.

Британската полиција денеска, неколку часа пред крунисувањето на кралот Чарлс, го уапси лидерот на антимонархистичката организација „Република“ Греам Смит, отстранувајќи го од толпата од неколку стотици демонстранти кои се собраа на рутата на поворката во центарот на Лондон. Републиката претходно најави дека ќе го организира најголемиот протест против британскиот монарх во модерната историја.

Протести беа одржани и во Глазгов, Шкотска и Кардиф, Велс, со натписи: „Укинете ја монархијата, нахранете ги луѓето“, додека многумина на социјалните мрежи ја споредија кризата на трошоците за живот во Британија со раскошот и славата прикажана на крунисувањето..

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он