Припадници на српското МВР во Лебан го уапсија И.К.(42) поради сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство, соопшти денеска Полициското одделение Лесковац.
Тој им се заканил на синот, сопругата и мајката дека ќе завршат „како оние од телевизијата“, мислејќи на актуелните настани за масовни убиства во Белград и Младеновац.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.