Работна група без ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на нов Изборен законик

Од:

Работната група за реформи во изборното законодавство одржа конститутивна седница.

Претседател на работната група е Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.

Оваа работна група ќе има за задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР а ќе работи и на нов Изборен законик.

Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес.
Министерот за правда Кренар Лога и заменичката на министерот, Викторија Аврамовска Мадиќ им посaкаа успешна работа на членовите на работната група.

Министерот Лога упати апел до ВМРО ДПМНЕ да се приклучат на работната група и низ процес на дебата и расправа да ги дадат сите предлози и иницијативи за реформите во изборното законодавство.

Би можело да ве интересира

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Се преговара за Изборниот законик, тврди Сали

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија