Сопственик на хотел на Халкидики поставил скриени камери и ги снимал гостите во интимни моменти

Од:

Протекуваат детали од скандалот на Халкидики каде е откриено дека сопственик на хотел во Грција поставил камери во хотелските соби. Тој се соочува со обвинувања дека во неговото сместување поставил скриени камери кои незаконски снимале интимни моменти на гости.

Човек кој престојуваше во хотелот со своето семејство минатото лето, зборува за шокот што го почувствувал кога дознал дека приватните моменти на неговото семејство можеби биле снимени без негово знаење или согласност. Тој опишува како му ги менувал пелените на детето и како детето долго било голо во собата, а потоа открил дека камерата снимала се.

Таткото објаснил дека на подлога до нивниот кревет бил пронајден црн уред кој личел на полнач за мобилен телефон, со USB приклучок, кој ги снимал нивните приватни моменти. Хотелот имал вкупно шест скриени камери кои снимале видео и аудио во хотелските соби.

Тој изјавил дека првично бил импресиониран од хотелот кој ги има сите погодности на хотел со пет ѕвезди по разумна цена, па дури и му честитал на сопственикот.

Скандалот бил откриен кога брачен пар кој престојувал во хотелот поднел пријава до полицијата во Солун. Истрагата на грчката полиција е покрената по жалба на млад пар кој на крајот на септември 2022 година пронашол камера во собата каде што ја поминале ноќта.

Двојката бесплатно ја угости сопственикот на хотелот како награда за соработката со хотелот минатото лето. Но, партнерот на жената, електричар, ја открил скриената камера во нивната соба и пријавил во полиција, пишува Hellas.

Двојката пријавила дека камерата постојано снима слики и звук од нивните движења. Скандалот предизвика загриженост за приватноста и ја нагласи потребата од построги регулативи за заштита на правата на гостите во хотелите и другите установи.

Во истрагата било утврдено дека 34-годишникот снимал 27 лица, претежно грчки и странски туристи, од кои легитимирани се 13 лица.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица