Видео од момче како виси, а потоа скока од трамвај во движење ја вознемири соседна Србија. Снимката беше објавена на социјалните мрежи и предизвика бура од реакции особено поради подготвеноста на младите да прават непромислени и опасни работи само поради повеќе „лајкови“.
Момчето по скокот паѓа, но веднаш станува и нема повреди.
– Не ми е жал што падна, но размислете ако некој наиде и го убие, немаше да биде виновен он што скокнал, туку возачот, и тој човек ќе треба да живее со тоа цел живот. Родители, погледнете ги подобро децата пред да биде предоцна – коментира една жена на застрашувачкото видео.