Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот 53 во Унгарија, околу 5 часот утринава, кога дури 15 лица се повредени кога се превртел автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград, јавуваат српските медиуми. Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи.
На два километри од Кишкунхалас, автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец, а потоа со полна брзина се превртел.Според унгарските медиуми, повредени се 15 лица, а 12 се веќе во болница. Брзата помош на лице место згрижила тројца.
Меѓу повредените патници има и две деца, кои исто така се пренесени во болница. Некои патници останале заробени во автобусот, па биле извлечени од пожарникарите. Сопственикот на агенцијата е на лице место, голем број патници се вратиле во Белград, а останатите продолжиле со новиот автобус.