Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ

Од:

СДСМ со своето видување за земјоделството и аграрните политики и обидот да ги копира во дејствувањето партиите од Владата денеска повторно ја покажа својата неинвентивност и неукост, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Навистина можеме да се согласиме со новиот за земјоделството „стручен и загрижен“ во СДСМ дека единствено актуелната Влада го има чувството за вистинските потреби на земјоделците, посветувајќи ја целата енергија во неговиот развој и подобрување на состојбите со конкретни политики во сите сфери. Да го промени она што го наследи токму од „стручните и загрижени“ во СДСМ во македонскиот аграр, се вели во соопштението.

Воедно се потсестува, како што велат, на ефектите од аграрните политики на СДСМ:

растурање на сите земјоделско индустриси капацитети, колапс на македонскиот земјоделец, раскрчмување на преостанатото државно земјоделско земјиште од над 95.000 хектари на само 412 лица, уништување на целиот хидромелиоративен систем. Затоа, се додава, не изненадуваат рекцијата на СДСМ за висината на издвоените финансиски средства за директна поддршка на земјоделците и за развој на македонското земјоделство, бидејќи велат, не само 500 милиони евра туку многу повеќе се потребни да се вложат во земјоделството за да се санираат штетите кои ги направи СДСМ.

– И повторно СДСМ излегува со замена на тезите или со класично непознавање на термините земјоделски производи и прехрамбени производи, сето тоа спакувано преку наводната грижа за трговскиот биланс. И повторно со прикажување на неверодостојни податоци и за износот на реализираниот извоз од 2006 година до 2012 година, но добро е што во оваа прилика СДСМ прв пат јавно призна дека има зголемување на извозот на земјоделски производи, стои во соопштението.

При тоа се нагласува дека ова признание значи и прифаќање на фактот дека зголемувањето на извозот на земјоделските производи истовремено значи и зголемување на вкупното земјоделско производство.

За редицата проекти и програмата која сеуште се изработува во СДСМ, односно само за делот кој денес беше соопштен, сод Министерството се оценува како големо разочарување, бидејќи само ја имаат апострофирано Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој и сите останати стратегиски документи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници