На „Богородица“ за излез од државата се чека до 30 минути

Од:

На граничниот премин „Богородица“ попладнево за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, известуваат од Авто-мото сојуз на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сх/дма/

Фото: МИА архива

Би можело да ве интересира

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација