Руски полковник обвинет за кражба на мотори од тенкови, ги продавал на црниот пазар

Од:

Руските власти уапсија полковник на нивната армија под сомнение дека украл мотори на тенкови вредни 20,5 милиони рубљи (околу 234.000 евра).

44-годишниот Александар Денисов е обвинет за кражба на седум мотори од главните борбени тенкови Т-90 во периодот од ноември 2021 до април 2022 година, пишува рускиот весник „Комерсант“, а пренесува „Скај њуз“.

Обвинителите рекоа дека полковникот Денисов од Јужниот воен округ ги продавал моторите на црниот пазар.

Властите го приведоа во март, а тој пред судот се изјасни за невин бидејќи „нема докази“ за неговата вина.

Доколку судот го прогласи за виновен, му се заканува казна затвор до десет години.

Би можело да ве интересира

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски

Америка одобри продажба на 50 тенкови за 2,2 милијарди долари на Бахреин

(ВИДЕО) Бугарски тенкови минуваа низ Македонија со наша воено-полициска поддршка

Александар Тодески

Русија: Ако САД испратат тенкови во Украина, тоа е очигледна провокација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Русите ги уништија македонските и словенечки тенкови во Украина

Горан Наумовски

Шмихал ја повика Германија да го снабди Киев со модерни борбени тенкови