Нимиц: Важно е секоја страна целосно да ги сфати ставовите на другата страна

Од:

Медијаторот на ОН Метју Нимиц денеска во Атина се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелоз Венизелос од кого уште еднаш ги слушна генералните грчки ставови во преговорите.

По средбата, Нимиц, информира дека состанокот со Венизелос бил многу конструктивен и оти „јасно ги сфатил позициите на грчката Влада“. Тој нагласи дека Венизелос изнел детални коментари за идеите што медијаторот ги презентираше на двајцата преговарачи во април годинава.

– Тој ми кажа со што се согласува грчката страна, со што не се согласува и каков вид промени се прифатливи за грчката страна. Венизелос беше многу јасен во коментарите, рече Нимиц и додаде дека сега се јасно разбрал.

На прашање на МИА, што мисли, дали властите во Скопје ќе ги прифатат промените што ги бара Атина, медијаторот рече дека прво треба да отиде во Скопје.

– Ова се тешки преговори и сметам дека е многу важно секоја страна целосно да ги сфати ставовите на другата страна и потоа, се надевам ќе се доближиме. За мене е најважно да продолжи дијалогот, и со тоа, се надевам ќе бидеме се поблиску и поблиску до взаемно прифатливо решение, истакна Нимиц.

На новинарско прашање дали се точни информациите дека неговиот последен предлог е „Горна Република Македонија“, медијаторот рече дека никогаш не открива за какви предлози станува збор. Понекогаш она што е објавено во медиумите е точно, понекогаш не е, истакна Нимиц и повтори дека нема да ги коментира предлозите.

Во врска со евентуална средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, медијаторот на ОН рече дека „во вистинско време и на вистинско место може да има дијалог на многу високо ниво“. Нимиц повтори дека тоа не е негова мисија и оти секој лидер се справува со работите поинаку.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски