Голманот на Вардар и поранешен македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски по објавата на одлуката за четиригодишна супензија од Македонскиот Олимписки Комитет најави дека ќе одржи прес конференција за да се дообјасни со претседателот на МОК Даниел Димевски.
„Во „северна вукојeбина се е можно, ама не со мене. Допрва ќе плачете криминалци“, објави Борко на неговиот Инстаграм профил.
Одлуката на МОК беше објавена денеска, а Ристовски има право на жалба во рок од осум дена.