Дејвид Линдзи (64) од Кембриџ се разбудил и го пронашол неговото куче, седуммесечен булдог, како му го џвака палецот. Пензиониран градежник раскажа како се разбудил целосно шокиран кога видел дека неговиот миленик го изџвакал палецот „до коска“.
Британецот Дејвид се исплашил кога неговата сопруга почнала да вреска додека тој спиел на софата, откако го видела неговиот десен палец облеан во крв.
Булдогот Харли, исто така, му скршило коска на палецот. Меѓутоа, се испоставило дека ужасниот инцидент му го спасил животот бидејќи лекарите откриле дека го изгубил чувството во нозете поради две блокирани артерии на нозете.
И покрај повредата, Дејвид, татко на пет ќерки и дедо на единаесет внуци, не планира да се ослободи од палавото кучен бидејќи тоа ненамерно му го спасило животот.
– Спиев на каучот кога влезе жена ми и викна дека кучето ми го џвака палецот. Харли речиси ми го изџвака целиот палец до коска и го скрши. Но, поради сето тоа открив дека стапалото ми е целосно вкочането, ништо не чувствував – вели Дејвид, кој нормално боледува од дијабетес.
Неговата сопруга му го преврзала палецот на ногата и веднаш го однела во болница каде Дејв бил ставен на антибиотици за да се спречи ширењето на инфекцијата. За време на прегледот на скршениот прст, лекарите откриле две блокирани артерии кои би можеле да му ја доведат целата нога во ризик од ампутација доколку не се обнови снабдувањето со крв, пишува Дејли мејл.
Благодарение на неговото куче, на Дејвид сега му ја проценебуваат состојбата и му се дава потребната грижа.
– Мора да се смееш на тоа. Ми направи услуга со тоа што ми го изџвака палецот. Ќе го чувам кучето. Ќе се обидам да го задржам палецот, но ако не успеам, му реков на докторот да го отсече и можам да го однесам дома – се пошегува тој.