Кими Раиконен од наредната сезона во Ферари

Од:

Поранешниот шампион во Формула 1, Финецот Кими Раиконен ќе го напушти тимот на Лотус на крајот на оваа сезона, за да се врати во Ферари, информира и германската телевизија РТЛ, како и весникот Билд.

За интересот на Ферари кон Раиконен се зборуваше уште пред неколку недели, но според двата медиуми светскиот шампион од 2007 година се разбрал со шефот на “Скудерија“, Лука ди Монтеѕемоло да се врати во Маранело од следната сезона.

Вториот пилот на Ферари, Фелипе Маса не освоил пол-позицијата или Гран При во последните 80 натпревари. Бразилецот, кој вози за тимот од 2006 година, ќе мора да го ослободи местото на крајот на кампањата.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он