Кремљ: Нашата цел е да ја спречиме Украина да влезе во НАТО

Од:

Кремљ ги отфрли украинските наводи дека рускиот претседател Владимир Путин има двојник и повтори дека целта на руската операција во Украина е да се спречи соседната земја да се приклучи на НАТО.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека Русија гледа закана во потенцијалното членство на Украина во НАТО, што би било „сериозна, голема опасност за земјата, за безбедноста“. Песков ова го изјави на денот кога генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја посети украинската престолнина, за прв пат од почетокот на инвазијата.

„Иднината на Украина е во евроатлантското семејство, иднината на Украина е во НАТО. Во исто време, главната цел на Северноатлантскиот договор и нејзините сојузници е да обезбедат Украина да победи“, изјави Норвежанецот во Киев.

Портпаролот на Кремљ, исто така, ги коментираше неодамнешните тврдења од Киев дека рускиот претседател Владимир Путин користи двојници на патувања, како оние во окупираните Херсон и Луганск, велејќи дека тоа се „некако чудни“ тврдења. Самиот Путин еднаш рече дека од безбедносни причини му советувале да користи двојник, но потоа додаде дека „се воздржал“ од тоа.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек