Вандализам во Струга: Исчезна бистата на македонскиот поет Славко Јаневски

Од:

Бистата на македонскиот поет Славко Јаневски е исчезната од постаментот во склоп на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим.

При вообичаена проверка, на 19.04.2023 година (среда) беше утврдено дека бистата на поетот Славко Јаневски е откорната од постаментот, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин беа видливо расклатени во очигледен обид да се откорнат од постаментите.

Исчезнувањето, односно кражбата е пријавена во полициската станица во Струга од страна на директорот на СВП, Тодорче Тасевски.

-Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Настанот е пријавен во полиција од која очекуваме да ги пронајде и да ги казни сторителите на овој вандалски чин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, се наведува во соопштението испратено од НУМ „Струшки вечери на поезијата“.

Би можело да ве интересира

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Врачени највисоките признанија на Струшки вечери на поезијата

Портрет на Иван Штрпка – добитник на наградата „Златен венец“ во рамки на 64. Струшки вечери на поезијата

Претседателката Сиљановска-Давкова ги отвора 64. Струшки вечери на поезијата

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители