Европскиот парламент во Стразбур денеска без гласање ја одобри одлуката за визна либерализација за граѓаните од Косово.
Новите правила ќе им овозможат на граѓаните на Косово да влегуваат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, а треба да стапат во сила од 2024 година.
По усвојувањето во ЕП, визната либерализација за Република Косово треба да биде потпишана и објавена во службениот весник на ЕУ.
Укинувањето на визите за граѓаните на Косово кои патуваат во ЕУ беше предложено од Европската комисија во декември, врз основа на оценката дека Косово постигна значителен напредок во сите области од патоказот за визна либерализација.
Визното ослободување ќе стапи на сила откако ќе се воспостави Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), до почетокот на следната година.
Утре ќе се одржи церемонијата на потпишување на правниот акт на која ќе учествуваат претставници на ЕП и на Советот на министри на ЕУ.