Каевски: Антикорупциска да отвори предмет за случајот Парцели во Лисиче

Од:

Наместо проекти, развој и повеќе зеленило, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ донесоа бетонизација на општините со кои раководат. Последен пример е Деталниот урбанистички план за Лисиче од страна на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ со кој во реон на семејни куќи предвидува изградба на висококатници рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– Но освен предвидените згради, овој ДУП е спорен и со фактот што парцелите каде се предвидени маркичките за градба се претходно купени од страна на градежни инвеститори, што отвора сомнеж дека тие можеби знаеле каде ќе се градат згради па затоа купиле парцели од над илјада метри квадратни. Затоа, Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај. Тимчо Муцунски освен што ја бетонизира општината, сака со пет милиони евра општинска обврзница да ги задолжи граѓаните на Аеродром. Предупредивме и претходно, предупредуваме и денеска дека со ваков начин на задолжување, лесно може обврзницата да биде купена од големиот бизнис и од големи градежни компании кои потоа ќе влијаат врз работата на градоначалникот и општината, особено во делот на креирање и носење на урбанистички планови вели Каевски.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Левица: Учениците во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

А1он

Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

А1он

Муцунски најавува изненадување во следните шест месеци во визната политика на САД кон земјава

Катерина Ѓуровски

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели Муцунски

Муцунски за инцидентот пред Бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај

Катерина Ѓуровски

Муцунски со поддршка за нападот на САД, со фалби за Трамп и Рубио