Г7: Неодговорната нуклеарна реторика на Русија и нејзината закана да распореди нуклеарно оружје во Белорусија се неприфатливи

Од:

Министрите за надворешни работи на групата седум најразвиени земји (Г7) ги осудија неодамнешните најави на Русија за стационирање нуклеарно оружје во Белорусија како „неприфатливи“ и ја повикаа Кина да дејствува како одговорна членка на меѓународната заедница.

Во соопштението за печатот по тридневната средба во јапонското одморалиште Каруизава, министрите нагласуваат дека во центарот на вниманието на средбата биле руската воена интервенција во Украина и стравот од слични акции на Кина против Тајван.

„Неодговорната нуклеарна реторика на Русија и нејзината закана да распореди нуклеарно оружје во Белорусија се неприфатливи“, велат тие.

– Секоја употреба на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје од страна на Русија ќе биде проследена со тешки последици, додаваат тие.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија ќе стационира таканаречено тактичко нуклеарно оружје со краток дострел на територијата на соседна Белорусија. Москва тврди дека била принудена на овој потег поради проширувањето на НАТО алијансата кон руските граници.

Министрите за надворешни работи на Г7 го повторија својот повик до Кина да дејствува како одговорен член на меѓународната заедница, согласувајќи се дека мирот и безбедноста во Тајванскиот теснец се клучни и се спротивставуваат на милитаризацијата на Пекинг на Јужното Кинеско Море.

Средбата се одржа пред самитот на лидерите на Г7 во Хирошима во мај. Покрај Јапонија, Г7 ги вклучува и Обединетото Кралство, Канада, Франција, Германија, Италија и САД.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски