Вонземјаните нè проучуваат, знаеме како го прават тоа- теорија на службеник на Пентагон и професор на Харвард

Од:

Службеник на Пентагон, Шон Киркпатрик, е коавтор на академски труд кој сугерира дека неодамна откриените објекти всушност може да се вонземски сонди од вселенско летало испратено да ја проучува Земјата.

Во нацрт-документот од 7 март, Киркпатрик и неговиот колега, професорот од Харвард, Ави Лоеб, напишаа дека неодамна откриените објекти кои се чини дека им пркосат на сите закони на физиката, може да бидат сонди на вонземјаните, објави Политико.

Лоеб најпрво го објави документот на Интернет, потоа беше објавен во Military Times и циркулираше меѓу вестите фокусирани на науката.

Угледен научник

Експертите сметаат дека учеството на Киркпатрик во оваа академска работа покажува дека Пентагон е отворен за научна дебата за потеклото на НЛО, што според нив е важен сигнал што треба да се испрати до академскиот свет.

Киркпатрик е истакнат научник и експерт за разузнавачки работи, со повеќе од две децении искуство во изучување на физиката и работа во одбранбениот разузнавачки простор, добитник е на неколку награди за својата работа.

Експертите, сепак, забележуваат дека одлуката на Киркпатрик да ја потпише теоријата која се смета за многу неоснована во повеќето академски кругови покренува прашања за неговиот кредибилитет.

Ја користат водата како гориво?

Во научниот труд се објаснува дека меѓуѕвездените објекти, како што е Оумуамуа во облик на пура што научниците го забележаа како лета низ галаксијата во 2017 година, потенцијално би можеле да бидат матични летала што ослободуваат многу помали сонди за време на неговите блиски прелети до Земјата.

Исто така се наведува дека сондите би можеле да користат ѕвездена светлина за полнење на нивните батерии, а водата на Земјата како гориво. Се шпекулира и за мотивот на вонземјаните за испраќање истражувачки сонди на Земјата, повикувајќи се на можни научни истражувања.

Авторите признаваат дека не се сосема сигурни дали има функционални вонземски летала во близина на Земјата.

Проектот „Галилео“, кој Лоеб приватно го финансира во потрага по НЛО, има намера да ја истражи оваа можност, се посочува во заедничиот труд.

Би можело да ве интересира

Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Вонземјани го киднапираа мојот дедо: Легендата на УФЦ верува во живот на други планети

Предраг Петровиќ

Лекарите ја завршија анализата на наводните вонземјани, нивните заклучоци ја искомплицираа ситуацијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

ВИДЕО: Селаните во Перу бараат воена помош поради „напад од вонземјани“

Предраг Петровиќ