„Шпигел“: НСА може да пробие во оперативните системи на смартфоните

Од:

Американската Агенција за национална безбедност (НСА) може да пробие во оперативните системи на смартфоните на практично сите водечки производители, пишува германското списание „Шпигел“.

Списанието објави дел од тајните документи на НСА, до кои има пристап. Од документите станува јасно дека американската агенција може да влегува во оперативните системи на „ајфон“ на компанијата „Епл“, на мобилните телефони на „Блекбери“, како и во системот „Андроид“ на компанјата „Гугл“. На тој начин НСА може да чита секаков вид податоци на корисниците на паметните телефони.

За добивање информација од „ајфон“ на пример доволно е да се влезе во компјутерот, со кој е синхронизиран мобилниот телефон, пишува „Шпигел“.

Освен тоа, додава списанието, постојат и минипрограми или скриптови кои обезбедуваат пристап до најмалку 38 апликации за „ајфон“.

Според „Шпигел“ НСА формирала посебни групи за секој производител, кои се специјализирани за разбивањето на системот паметниот телефон на одредена компанија.

Не е познато како списането дошло до тајните документи, кои се посочени во написот. Еден од неговите автори е американската режисерска Лора Појтрас, која има тесни врски со Едвард Сноуден. 

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска