Лекарската комора го осуди инцидентот во болницата во Тетово

Од:

Лекарската комора најостро го осудува инцидентот кој се случи во болницата во Тетово во кој видео снимка од пациенти се објави на социјалните медиуми.

-Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки, стои во соопштението на Лекарска комора.

Оттаму наведуваат дека со Кодексот за медицинска деонтологија лекарите се обврзуваат дека професија ќе ја вршат совесно и одговорно, дека ќе го почитуваат човековото достоинство и правата на болните и ќе ја чуваат нивната доверба.

-Лекарската комора како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја продолжува да работи на заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права на докторите на медицина, но со критички однос кон сите оние кои го рушат достоинството, угледот и интегритетот на професијата, како дејност од посебен општествен интерес. Лекарската комора нема да дозволи ваквите изолирани инциденти да бидат на товар на сите лекари кои професионално и одговорно секојдневно постапуваат и лекуваат пациенти, наведуваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Лекарската комора чека решение од Таравари со точно прецизирана одговорност, потоа ќе постапува за лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

A1on

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

A1on

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Годинава 440 лекари положија стручен испит

A1on