Стоилковски: Арсовска го потпиша договорот за пресчистителна станица, истиот за кој го разреши директорот Перински и за кој го напаѓаше и клеветеше ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Вчера Данела Арсовска го потпишала договорот за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тој поради кој што го разреши директорот Перински и заради кој што грлато го напаѓаше и фрлаше клевети врз ВМРО-ДПМНЕ рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица, Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала и дека со лаги се обиде да изманипулира процес за најголемиот и најскап проект за Скопје. Потсетуваме се работи за истиот договор со Европската инвестициска банка, за проект во којшто потпретседателката на Банката ја демантираше Арсовска со што ги извади лагите на површина. Сега и Арсовска го потпишува истиот договор со што признава дека, едноставно, лажно го обвини дека влијаел врз тендерската документација и на сила го смени Златко Перински од директорското место во Водовод и Канализација. Ќе потсетам на зборовите на потпретседателката на Европската банка – „ние мора да следиме посебни правила и процедури и вршиме надзор со вонредни и редовни контроли на процесот на оваа јавна набавка, но се мина во добар ред и има зелено светло“ вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителство со фалсификатите на Висар Ганиу

А1он

Арсовска на ФБ: Запознајте го Бујар Аземи – сопственикот на небезбедната зграда во Чаир

А1он