Левица поднесе кривична пријава против Христијан Пендиков за подбивање со македонскиот народ

Од:

Политичката партија Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Охрид против Христијан Пендиков, во својство на генерален секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети”.

„Пендиков, во интервју емитувано на 14 февруари 2023 година, на една од најгледаните телевизии во соседна странска држава, намерно дава лажни изјави и клевети кон македонскиот народ и Република Македонија. Имено, пријавениот во контроверзното интервју, ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека „Македонците и Бугарите се еден исти народ.

Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност“, соопштија од Левица.

Пријавениот се терети дека извршил ги извршил следните кривични дела: повреда на угледот на Републиката – казниво по чл. 178 од КЗ, изложување на подбив на македонскиот народ – казниво по чл. 179 од КЗ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа – казниво по член 319 став 1 од законот.

„Доколку се воспостави практика на несанкционирање, институционален молк и обвинителски патернализам на ваквото омаловажување и обезвреднување на основните вредноста на Република Македонија, идентитетски обележја на Македонците и чувствата на македонските Евреи, во пракса може да се предизвикаат сериозни и несогледливи штетни последици по националните интереси и безбедност во иднина“, додадоа од Левица.

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица се залага за 2/3 повисоки пензии во однос на минималната плата

(ВИДЕО) Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Горан Наумовски

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Левица: ​​​Работници, вие сте столбот на општеството, поддршка за вашите права и синдикатите

Апасиев: Македонска платформа за да запрат уценувањата на албанското малцинство при формирањето влада

Горан Наумовски

Нови канцеларии на Левица во Могила и Росоман