Ковачевски вели дека Мицкоски не е пратеник, така што не е релевантен да зборува за уставните измени

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, така што не е релевантен да зборува за уставните измени, а и многу често ги менува своите ставови, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Постапката за уставни измени треба да почне, оцени Ковачевски и изрази уверување дека Собранието има демократски капацитет за овој процес.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, така да е нерелевантен да зборува за тоа прашање, а и многу често ги менува своите ставови. Прво кажуваше дека го поддржува Договорот со бугарскиот премиер во тоа време, потоа дека не го поддржува, потоа со премиерот Петков кажа дека поддржува уставни измени, па потоа рече дека не поддржува, потоа рече дека ако некој негов пратеник гласа за уставни измени ќе даде оставка, па им земаше нотарски изјави на пратениците дека нема да гласаат, за потоа да каже поддржуваме уставни измени, но по хрватски модел, па по три дена повторно рече дека не поддржуваат уставни измени, рече Ковачевски.

Посочи дека веќе се објавени членовите на Комисијата за подготовка на амандманите кои се претставници на политичките партии, а тоа ќе биде направено и со експертите кои треба да се дел од оваа Комисија.

– Процесот ќе почне и ќе се одвива во Собранието, рече премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на компанијата „Левидиагро Дооел“ во Кочани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Да беше Пинокио, носот ќе ти удреше во крстот на Водно, Јакимовски за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар

Мицкоски: Хаќим Рамадани откако ќе ги изгуби најпрво изборите тука во Брвеница, ќе биде разрешен од позицијата

Мицкоски: По 7 години грабеж и национално понижување од овие пред нас, ни требаше освежување и нова енергија

А1он

Мицкоски: Граѓаните во првиот круг од изборите гласаа за Македонија

А1он