(ВИДЕО) Јанчева: Депонии на секој чекор, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и во Скопје

Од:

„Нова катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ го води Градот и општините. Ова е дива депонија во Долно Лисиче, општина Аеродром, една од многуте диви депонии кои се наоѓаат во скоро секоја скопска населба. Едно од клучните ветувања на градоначалничката Данела Арсовска беше дека ќе ги исчисти сите диви депонии во Градот уште во првите 82 дена“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„Денес, една и пол година од мандатот не само што претходните депонии не се исчистени, туку секојдневно се создаваат нови кои постојано растат.

Во Скопје предводено од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ нема нови проекти, нема решенија, но затоа има нови депонии има партиски вработувања.

Ете што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски имаат шанса да раководат со Градот и најголемиот дел од скопските општини.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е истата партија предводена од Никола Груевски, таму нема никаква промена.

Наместо за граѓаните, за општините, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се грижат единствено за личните и бизнис интересите на партиските функционери.

Градска и локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски значи уназадување на Скопје и општините, безидејност, неработење, масовна партизација и поскапи услуги за граѓаните.

Жителите на Скопје не заслужуваат ваква неспособна власт“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он