Машко тело вчера беше пронајдено на брегот на Дунав во близина на Рафинеријата Панчево. Според првите и неофицијални информации, станува збор за Ненад Тривковиќ, кој исчезнал на 18 март со уште двајца пријатели, кога кај Панчевачкиот мост им се превртел чамец во оваа река.
Ненад бил непливач, а истрагата се сомнева дека го соблекол елекот за спасување за да го сподели со пријателите Милош Марковиќ и Милан Николиќ откако им се превртел чамецот. Врз основа на фотографиите, кои пријателите ги објавија на социјалните мрежи, може да се заклучи дека Ненад секогаш носел заштитен елек кога бил на чамецотчаме.
Претходно, сопругата на Милош Марковиќ, Софија, сугерираше дека Милан и нејзиниот сопруг не сакале да го остават Ненад сам откако му се преврте чамецот, бидејќи тој не бил пливач.
„Тие останаа да се држат за чамецот. Мислиме дека непливачот носеше елек, можеби го фати паника. Тие веднаш не отидоа да пливаат по овој другарот, веројатно затоа што не сакаа да го остават непливачот таму, затоа што можеби не сакаше да се одвои од чамецот и од тука му се губи секаква трага“, изјави претходно Софија.
Да потсетиме, Милан Николиќ, Милош Марковиќ и Ненад Тривковиќ исчезнаа откако нивниот чамец се преврте вечерта на 18 март, кога се враќаа од патување во Бела Стена. Во чамецот со нив бил и Мане К., кој успеал да ја преплива реката и да стигне до брегот. Побарал помош во првата куќа на која наишол.