Израелски воени авиони утринава извршија воздушни напади врз воени цели во Сирија како одговор на ноќните ракетни напади на териториите под контрола на Израел.
Државните медиуми во Сирија објавија за експлозии во близина на главниот град Дамаск, а израелски воени извори потврдија дека биле извршени напади врз сириски артилериски батерии и фрлачи на беспилотни летала, како и врз други сириски воени позиции и воени радарски системи, пренесува Ројтерс.
The IDF released this video of the drone strike against the rocket launcher used to fire rockets at Israel from #Syria overnight pic.twitter.com/11OcrkIP3m
— Michael A. Horowitz (@michaelh992) April 9, 2023
Во официјалното соопштение на израелската армија беше наведено дека „израелската армија ја смета државата Сирија за одговорна за сите активности што се случуваат на нејзина територија и нема да дозволи никакви обиди за нарушување на израелскиот суверенитет“.
Сириското Министерство за одбрана соопшти дека сириската противвоздушна одбрана одговорила на израелските напади и пресретнала неколку израелски ракети.
Во соопштението се наведува дека по израелските ракетни напади нема пријавени човечки жртви, но дека е причинета материјална штета.