Стотици Филипинци го прославија Велики петок на 7 април, камшикувајќи се до крв, а некои отидоа дотаму што се заковаа на крст, традиција која беше прекината три години поради здравствената криза.
Петок пред Велигден (Велики петок) е денот на распнувањето на Исус Христос според католичката религија, кои се мнозинство на Филипините.
Во неколку села во градската област Сан Фернандо, северно од Манила, вообичаено е денот да се одбележува со крвави обичаи. Католичката црква ја отфрли оваа практика, но и покрај тоа, оваа година, по тригодишна пауза, традицијата привлече околу 15.000 љубопитни луѓе.
Во градовите Сан Хуан и Сан Педро, стотици мажи со голи гради шетаа по улиците, камшикувајќи се и прскајќи ги минувачите со крв.
„Треба само да се молите, тогаш нема да чувствувате болка“, рече еден од овие покајници, Дарен Пасквал (31), додавајќи дека овој ритуал го прави заради доброто на своето семејство.
Со неколкуте доброволци, церемонијата отиде до крстот, изведена од актери преправени во римски војници.
Easter crucifixion re-enactments have resumed in the Philippines after the COVID-19 pandemic.
The Good Friday tradition draws huge crowds of devotees to the country.
Watch the latest videos: https://t.co/37M8eIHdYs pic.twitter.com/qfg7FIV1xK
— Sky News (@SkyNews) April 7, 2023
Меѓу распнатите во Сан Хуан беше и Вилфредо Салвадор (66), кој неколку минути беше прикован на крстот. На овој поранешен рибар му стана речиси рутина, кој објаснува дека ритуалот на распнување го започнал пред околу петнаесет години по нервен слом.
„Го правам тоа по избор. Тој (Бог) ми ја дава потребната физичка сила, нè уверува, со оглед на тоа дека оваа практика му дала „втор живот“.
Во соседниот град Сан Педро, Рубен Енаје (62) имал повеќе од триесет распнувања.
„Се чувствувам добро, немам повеќе грижи и стравови“, се доверил тој со преврзани раце и нозе, откако го одвоиле од крстот.
„Тоа е единствено во светот“, забележува Милан Достал, 43-годишен чешки турист кој дошол да го види шоуто, велејќи дека ја „почитува“ практиката.
Воспоставена со децении, оваа традиција живее и покрај критиките.
Здравствените власти редовно предупредуваат за ризикот од инфекција, особено тетанус. Католичката црква, од своја страна, смета дека овој ритуал е несоодветен. Отец Џером Секилано, извршен секретар на Епископската конференција на Филипините, истакна дека Христовото распнување „било повеќе од доволно за да се измие човештвото од гревот“ и дека не треба да се имитира.
„Ако сакаш да ти се простат гревовите, оди на исповед!“ – одлучно порача тој.