Кремљ ги следеше „важните разговори“ меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг, неговиот француски колега Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но рече дека се сомнева дека Кина ќе го промени својот став за украинскиот конфликт.
Според Ројтерс, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите им рекол дека Москва ги „надгледува“ разговорите, но нагласил дека Русија има свои „богати односи“ со Пекинг.
Запрашан дали е загрижен дека европските сили би можеле да ја променат позицијата на Си, тој рече:
„Кина е многу сериозна, многу голема сила со својата суверена позиција. Таа не е земја која брзо ги менува своите позиции под надворешно влијание“.