Кина бесна поради средбата Тајван-САД, реагираа Американците

Од:

Пекинг треба да се определи за „патот на дипломатијата, а не за притисокот врз Тајван“, рече американски дипломат веднаш откако Кина испрати воени бродови во водите во близина на островот.

„Ќе продолжиме да го повикуваме Пекинг да го запре воениот, дипломатскиот и економскиот притисок врз Тајван и наместо тоа да се определи за конструктивна дипломатија“, изјави за новинарите Ведант Пател, портпарол на американскиот Стејт департмент.

Пекинг беше бесен поради средбата меѓу тајванскиот претседател Цаи Инг-вен и претседателот на Претставничкиот дом на САД Кевин Мекарти во Вашингтон во средата и најави „силен“ одговор.

Кина го смета Тајван за составен дел од својата територија и има намера да го врати под своја власт.

„И во иднина ќе работиме на одржување на отворени канали за комуникација, за да спречиме каков било ризик од погрешно проценување“, рече Пател.

Портпаролот призна дека САД и Кина имаат „различни“ ставови за тајванското прашање, но истакна дека двете сили успешно го решиле во изминатите 40 години.

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен во четвртокот рече дека Тајван „ќе го спречи мешањето на Кина“ во нејзините територијални води, по претходните закани на кинеските поморски власти да ги проверат патничките и товарните бродови таму.

„Додека сум надвор од земјата, нашата служба за национална безбедност внимателно ја следи ситуацијата. Се погриживме нашите бродови да пловат безбедно и да ја спречиме Кина да се меша во нашите територијални води“, рече Цаи пред нејзиното заминување од САД, по средба со претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мекарти.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија