Голем одрон на автопатот Скопје-Велес, запрен е сообраќајот

Од:

Сообраќајот на делницата на автопатот Скопје – Велес е во прекин поради голем одрон. Одронот е во близина на наплатната станица Сопот, кај бензинската пумпа „Детоил ветерско 9“, известува Центарот за управување со кризи.

Полицијата е веќе на лице место, а се чека на пристигнувањето на екипите на Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат.

– На телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК има дојава за одрон на делницат на автопатот Скопје – Велес, кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“. Од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени Регионалниот ЦУК Велес од каде што има известување дека полицијата е на лице место. Паралелно со оваа активност оперативците ги известуваат надлежните институции за итната ситуација, конкретно Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат, информираат од центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Голем одрон на патот Струмица-Валандово

Катерина Ѓуровски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Одрон на патот село Извор – село Иванчишта

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on