Еден работник загина, тројца се повредени во несреќа на градилиште во Скопје

Од:

Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако беа затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје.

Докторот Панов изјави дека според првичните информации, повредените најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.

– Интервениравме со четири амбулантни возила, рече доктор Панов.

Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека изутринава во 8.17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја се затрупани тројца работници.

– Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

По трагедијата во Кисела Вода: Уште еден работник примен во болница, вкупно четворица повредени

Обвинителство: Увид на градилиштето во Кисела Вода, следи обдукција

Горан Наумовски

Компанија на Ивица Коневски ја гради зградата каде што се случи трагедијата

Горан Наумовски

На Ургентен центар транспортирани тројца градежни работници, двајца со полесни повреди, еден со скршеници

Горан Наумовски

Нови детали за несреќата во Кисела Вода: Медицинска екипа побара асистенција за затрупаните работници

Горан Наумовски

Трагедија во Скопје: Работници затрупани при ископ во Кисела Вода, спасувачка акција во тек

Горан Наумовски