Обвинителство: Увид на градилиштето во Кисела Вода, следи обдукција

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот.

-Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор – информираат од Обвинителство.

Претходно, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје, информираше дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата.

Жртвата, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Компанија на Ивица Коневски ја гради зградата каде што се случи трагедијата

Горан Наумовски

На Ургентен центар транспортирани тројца градежни работници, двајца со полесни повреди, еден со скршеници

Горан Наумовски

Еден работник загина, тројца се повредени во несреќа на градилиште во Скопје

Горан Наумовски

Нови детали за несреќата во Кисела Вода: Медицинска екипа побара асистенција за затрупаните работници

Горан Наумовски

Трагедија во Скопје: Работници затрупани при ископ во Кисела Вода, спасувачка акција во тек

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски