По тешката несреќа на градилиште во Скопје, каде еден работник го загуби животот, денеска во Ургентниот центар е примен уште еден повреден работник од истото градилиште, информираат медицински извори.
Според првичните информации од Клиниката за трауматологија, новопримениот работник се здобил со полесни повреди, а по дополнителните прегледи ќе се знае повеќе за неговата здравствена состојба.
Раководителот на Клиниката за трауматологија, д-р Арсовски, потврди дека еден од претходно хоспитализираните работници се наоѓа на КАРИЛ со тешки повреди на нозете, додека другите двајца имаат полесни повреди и се под постојан медицински надзор.
Со новиот прием, бројот на повредени од несреќата се искачи на четири, покрај едно починато лице.
Медицинските екипи и понатаму внимателно ја следат состојбата на сите пациенти, додека надлежните институции ја продолжуваат истрагата за причините за трагедијата.
