Во сабота од 17.30 часот во малата сала во СРЦ „Кале“ се организира ревијален кошаркарски натпревар со хуманитарен карактер.
Акцијата е за собирање средства за Никола Ѓорѓиев кој боледува од рак на коските.
Настанот нема да биде само кошаркарски меч.
Предвидена е и забава, а поканети се сите кои сакаат да учествуваат во хуманитарната акција.
За време на натпреварот, а и по него, музика ќе пушта Ди Џеј.