Шестгодишната Јана прележала ковид, а вирус и ги воспалил мускулите –Немало грешки во лекувањето според надзорот

Од:

Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на шестгодишната пациентка Јана во Клиничка болница Битола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката.

Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин.

По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката. Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Немало грешки во лекувањето на малата Јана – Нема кривично дело за смртта, пресече Обвинителството

Анита Петровска Рајковиќ

Мирен протест на битолчани пред болницатa „Др. Трифун Пановски“

Горан Наумовски

МЗ се уште го чека извештајот од обдукцијата на шестгодишното девојче кое почина во битолската Болница

Ана Ололовска

Јовески за случајот со шестгодишната Јана: Го немаме добиено извештајот од обдукцијата, обезбедуваме други докази

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“ – битолчани излегоа на протест за малата Јана

Горан Наумовски

Обвинителството во Битола се уште го чека извештајот од обдукцијата за Јана

Катерина Ѓуровски