Прашањето околу вметнување на Бугарите во Уставот е суверена одлука што треба да ја донесе самата држава, истакна денеска амбасадорот на Европската унија во земјата, Дејвид Гир.
– По однос прашањето имам две забелешки, а кои не се дел од јавната дебата по прашањето. Всушност, првата е дека живееме во исклучително важни времиња, со нов моментум во контекст на процесот на проширувањето на ЕУ, низ случувањата во Западниот Балкан. Тоа се заснива врз цврстата констатацијата дека тоа се ра боти за заеднички интерес на ЕУ и на Западниот Балкан, како на економски така и на безбедносен план, рече Гир, кој престојуваше во работна посета на Општина Дебрца.
Кога станува збор за Република Северна Македонија, Гир рече дека патот за членство на државата кон ЕУ е отворен, преговорите се во тек, Брисел сака да ја види земјата како полноправна члена на Унијата, со интерес за продолжување на тој процес.
– Што е однесува конкретно на измените на Уставот за вклучување на лицата кои се самоидентификуваат како Бугари, всушност тие промени нема да бидат драматични оттаму што ќе бидат само консолидација на и онака добрата оценка што ја ужива земјата кога станува збор за уредувањето на меѓуетничките односи, изјави евроамбасадорот.
Гир истакна дека секоја држава го уредува Уставот согласно своите специфики, интереси, околности.
– Инклузијата на одредени заедници во Уставот не ги загрозуваат националните интереси на државата. Но, сепак, тоа е прашање што треба да го донесе самата држава, нагласи евроамбасадорот Гир.