За време на натпреварот помеѓу Клуб Америка и Леон во мексиканскиот шампионат, судијата Фернандо Ернандез шутна фудбалер во меѓуножјето, а снимката од необичната сцена го обиколува светот.
#LigaMx 🇲🇽
¡No se puede creer! ¡Inaudito!
El árbitro Fernando Hernández le
dió un rodillazo al futbolista Lucas
Romero de @clubleonfc. pic.twitter.com/b7RYdDGKgV— Xavi (@XaviSol_) April 2, 2023
Во еден момент настана гужва и судијата му покажа жолт картон на играчот на Леон, Џејн Бареиро, што го налути неговиот соиграч Лукас Ромеро кој се внесе во лице на судијата. После тоа, судијата го крена коленото и го удри Ромеро во меѓуножјето, а тој со болна гримаса на лицето падна на тревникот.
Судиската комисија го истражува инцидентот.