А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во атарот на селото Долна Лешница, Тетовско

by А1он07/09/2013 - 20:08190
Share0

Околу 16 часот и 20 минути избувнал пожар во атарот на селото Долна Лешница, општина Желино информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според неговите информации, зафатени се околу три илјади метри квадратни сува трева и нискостеблеста дабова шума, а огнот се шири во насока на соседното село Добарце. Бидејќи пожарот се уште е активен полицијата ги известила Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие Македонски шуми и други надлежни органи да преземат соодветни мерки за локализирање и гасење на огнот на теренот што делумно е непристапен, изјави Јосифовски.

Тој го повтори апелот за поголемо внимание при движење и палење оган на отворено и потсети дека намерен или од невнимание предизвикан пожар е кривично дело за што е предвидена затворска казна и до осум години во зависност од последиците.

pozar

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 23:0330/10/2026 - 23:04

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он23/10/2026 - 16:47

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

Горан Наумовски18/10/2026 - 07:44

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Горан Наумовски17/10/2026 - 20:03

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Горан Наумовски12/10/2026 - 08:32

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он05/10/2026 - 10:4205/10/2026 - 11:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео