Wall Street Journal бара итно ослободување на нивниот новинар уапсен во Русија

Од:

Од американскиот весник The Wall Street Journal во саботата побара итно ослободување на Еван Гершкович, дописник од Москва, кој беше уапсен од руската служба за безбедност ФСБ под сомнение дека шпионирал.

„Случајот на Еван е злобна навреда за слободниот печат и треба да ги налути сите слободни луѓе и влади ширум светот“, се вели во соопштението на весникот на Твитер.

Тој е осомничен дека шпионирал за американската влада

Руската служба за безбедност (ФСБ) претходно, во четвртокот објави дека дописникот на американскиот Wall Street Journal, Еван Гершкович, е приведен во градот Екатеринбург под сомнение за шпионажа.

Во соопштението пренесено од Интерфакс, ФСБ наведува дека „ги запрела незаконските активности на американскиот државјанин Еван Гершкович, роден 1991 година, дописник на московскиот огранок на американскиот весник Wall Street Journal, акредитиран во руското Министерство за надворешни работи, осомничен за шпионирање за интересите на американската влада“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени