Започна редовното регрутирање во руската армија

Од:

Во Русија почнаа вообичаените пролетни воени повици, објави порталот РБК, повикувајќи се на указот на претседателот Владимир Путин. Според Владимир Цимљански, контраадмирал на Главниот штаб, биле повикани околу 147.000 од 700.000 потенцијални регрути. Никој од поканетите нема да се бори во Украина, тврди тој.

Првата од двете овогодишни кампањи за регрутирање ќе трае до 15 јули. Русите на возраст меѓу 18 и 27 години мора да отслужат најмалку една година воен рок.

Цимљански рече дека за прв пат повиците од регионалните воени канцеларии сега ќе се испраќаат електронски. Известувањата традиционално се дистрибуираат по пошта и ќе продолжат да се дистрибуираат таму каде што електронската испорака не е можна.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски