Рим: Откриен подземен град под вилата на цар Хадријан

Од:

Археолози неодамна на локација на вилата во Тиволи, во близина на Рим, која што ја изгради царот Хадријан во вториот век, открија мрежа на тунел, за која сметаат дека е подземен град.

Како што пренесува „Радио Слободна Европа“ археолозите ги цртаат подземните патишта и веруваат дека истите служеле за превоз на стока, а се претпоставува дека тука транспортирале и робови, храна и друго, далеку од очите на царот. Покрај патишта, тие откриле и низа различни предмети.

Вилата на Хадријан во 1999 година УНЕСКО ја прогласи за локација на светско културно место, која содржи 30 згради, од кои секоја има градина, базен и фонтани.

Во моментот се расчистуваат тунелите, а е планирано до крајот на годината да се одвори премин за да може да се влезе, пренесе „Радио Слободна Европа“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска