Опожарени куќа, плевна и гаража со земјоделска механизација во радовишко Злеово

Од:

Во пожар, што избувнал вчера во куќа на С.А. (77) од радовишко Злеово, биле опожарени куќата, плевна со сточна храна и гаража во која имало комбајн, камион и друга земјоделска механизација, соопштија денеска од СВР Струмица.

– Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалните противпожарни единици од Струмица и Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и увидна екипа од ОВР Радовиш, стои во соопштението на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден

ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

Локализиран e пожарот кај селото Гујновци во Пробиштип

Директорот на ЦУК објави „спасено теле“ од Палиград, а фотографијата е стара шест години

(ВИДЕО) Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден

Горан Наумовски