Таравари: Дојде моментот наместо „20 отсто“ да стои „албанскиот јазик“ во Уставот

Од:

Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вели дека отстранувањето на „20%“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите како заедница која живее во Северна Македонија.

Тој се надева дека дел од овој историски момент ќе бидат сите албански партии, вклучително и македонските партии, посочувајќи ги нивните лидери Димитар Ковачевски од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20% “. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија“, оценува Таравари.

Според претседателот на АА, сите партии кои ќе учествуваат во оваа промена ќе бидат запишани во историјата како демократски партии, особено европски.

„Особено Ковачески и Мицковски ќе станат дел од овој важен момент не само за Албанците кои живеат во оваа земја, туку и за европската иднина на нашата заедничка држава. Со нетрпение го очекуваме моментот на официјалното објавување на ова сепартиско ветување“, нагласува Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Таравари: Мислењето на Венецијанската комисија за законот за правична застапеност е добредојдено

Таравари: Коалицијата „Вреди“ докажа дека може поинаку да се владее

Горан Наумовски

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Прво да видиме во каква состојба се, па ќе донесеме одлука за модуларните болници, вели Таравари

Таравари: Одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана