Градоначалничката на Град Скопје достави предлог до Советот за набавка на нови еко-возила на хибриден или електричен погон за граѓани и такси превозници со кои Градот ќе субвенцуионира до 200.000 денари.
– Градот Скопје се трудиме да биде модерен град во кој хуманото живеење и животната средина треба да бидат секојдневие. По тој повод имаме седница на Град Скопје каде што пред советниците предложивме неколку точки и ќе се вклучат кон реализација на програмата која ја избраа 120.000 граѓани на Скопје.
Советниците треба да гласаат денес за одлука за набавка на нови еко-возила за хибриден или електричен погон за граѓани и за такси превозници. Ова е пилот проект кој за првпат се имплементира во Македонија и со кој градот Скопје ќе субвенционира 200.000 денари по возило. На овој начин ќе се придонесе за дополнително намалување за аерозагадувањето во сегментот на испусни гасови во атмосферата а ќе го поттикне и јавниот такси превоз – истакна Данела Арсовска.
Таа побарала од советниците и поддршка за набавка на нови екоавтобуси кои ќе ги заменат старите и дотраени автобуси.
– Ќе се намалат трошоците и негативниот ефект врз животната средина што беше дел од програмата за модерно Скопје.На денешната седница ќе предложам меѓуопштински соработки за реконструкција на улици, пешачки зони и велосипедски патеки. Апелирам до Советот да го реализира замисленото оти е за доброто на сите граѓани – додаде градоначалничката.